НА МИЦКОСКИ МУ СЕ РАСПАДНА КОАЛИЦИЈАТА: БЕСА И АЛИЈАНСА РАСПАЛИЈА ПО ВМРО ДПМНЕ!

0
1148

Алијанса за Албанците до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ.

Од Алијанса за Албанците денеска испратија реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за тоа дека има дилема дали албанските опозициски партии се воопшто во опозиција или пак се резервна варијанта.

„Алијанса за Албанците од самиот почеток ја покажа својата позиција за интегративниот процес на земјата и за тоа што се нарекува француски предлог. ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ, која сега го има истото вазалство кон СДСМ“, велат од таму.

Од таму додаваат дека Алијанса за Албанците им припаѓа само на Албанците и на народот, и одговара само пред народот.

Арјанит Хоџа од Движење Беса денеска на својот Фејсбук профил објави реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на тоа дека има дилема околу тоа дали албанските опозициски партии се воопшто во опозиција или пак се резервна варијанта.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, ја постави дилемата дали албанската опозиција е против оваа влада или не, што уште еднаш ја докажува како точна дилемата што ја поставив пред неколку недели дека ВМРО-ДПМНЕ маестрално кокетира со ДУИ, појавувајќи се во јавност како да се напаѓаат, а резултатите од оваа „пресметка“ на ВМРО-ДУИ се во служба на зголемување на партискиот рејтинг на овие субјекти“, пишува Хоџа.

Тој додава дека Движењето БЕСА ги покажало своите опозициски позиции и во сите овие месеци има низа критики кон актуелната Влада во сите сфери.

„Македонските партии, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, изгледа не успеаја да разберат една работа, а тоа е дека Движењето БЕСА не е политички субјект што може да се управува од нивните партиски штабови.Затоа, пријателски предлог до господинот Мицкоски, видете го делувањето на Движењето БЕСА во сите овие години и ќе разберете дека во Движењето БЕСА политичките дејствија се автохтони, автономни и автентични!“, посочи Хоџа