На македонскиот уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов му се потребни 500 евра за да може да отпатува во Каникати, град во регионот на Сицилија и да си ја подигне наградата од конкурсот „Il Parnaso“.
Тој е добитник на една од трите престижни награди за поезија на „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, откако во декември беше прогласен за еден од десетте финалисти, покрај 300 други пријавени учесници од целиот свет. Митков за Радио МОФ вели дека се уште не знае дали е прво, второ, или пак, трето место, бидејќи добитниците ќе биле соопштени на лице место.
Граѓани на социјалните мрежи веднаш се активираа и го споделуваат неговиот пост на Фејсбук со кој тој побара помош.
Гогов за Радио МОФ вели дека во случај да соберe повеќе од потребното, кога ќе се врати, остатокот од парите ќе го донира за некој на кого му се потребни.
Оние кои сакаат да му помогнат на овој поет да си ја подигне наградата, тоа може да го направат со уплаќање на следната трансакциска сметка:
Митко Гогов
ул. Крушевска Република 152
2400 Струмица
MITKO GOGOV
4324 8452 5941 2939
acc.No. 210501597108832
IBAN Code – MK07210501597108832
SWIFT – TUTNMK22
NLB Тутунска банка