НА ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР ОД 10 ГОДИНИ : СЕ ТЕРЕТАТ ОД МВР И ОЈО ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ КРИВИЧНО ДЕЛО РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛТВО ВО ВИДЕО КОЕ СЕГА ИМА 200.000 ПРЕГЛЕДИ!

0
1162

Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, во кое Павловиќ-Латас раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари злоставувале и силувале девојка која била претепана. Притоа, обајцата со Лазаров се смеат за насилството.„Има известување од МВР.

Предметот е распореден кај обвинител, ќе видиме како натаму ќе се одвива случајот, одговори Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК.Јавноста остро го осуди интервјуто, емитувано на јутјуб каналот на Лазаров, како поттикнување кривично дело родово базирано насилство и го повика Обвинителството да постапи. Исто така, ги повикаа и видните компании кои се рекламираат во подкастот на Стефанов да ги повлечат рекламите поради содржините во кои се одобрува и се повикува на насилство.

„Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса изгледа нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.