Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

НА КОВАЧЕВСКИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР ОД 1 ДО 5 ГОДИНИ, НА ГРУБИ НАЈМАЛКУ 5

Јавното обвинителство сè уште нема донесено одлука за експремиерот Димитар Ковачевски и за поранешниот генерален секретар во Владата, Методија Димовски, кои МВР ги пријавени за криминал во Државна лотарија. Ако ЈО поведе истрага, на двајцата им се заканува затворска казна.Запретената казна за експремиерот Димитар Ковачевски, доколку Јавното обвинителство поведе истрага по пријавата на МВР, изнесува од 1 до 5 години затвор. Да не беа измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, предложени од претходната власт под раководство токму на Ковачевски, запретената казна за него ќе изнесуваше најмалку 3 години робија.За делото на поранешниот вицепремиер Артан Груби, пак, за кое ЈО веќе води истрага по пријавата од МВР, запретената затворска казна изнесува најмалку 5 години затвор.

Министерството за внатрешни работи вчера ја објави кривичната пријава против 8-те лица вмешани во криминал со Државна лотарија. Од осуммината пријавени, Јавното обвинителство веќе води истрага против шестмина. Двајца од нив се во бегство, поренешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби. МВР за нив распиша меѓународна потерница, а Кривичниот суд на барање на ЈО им одреди 30-дневен притвор. Четворица државни службеници, пак, веќе се во притвор. За двајца од пријавените, експремиерот Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар во Владата, Методија Димовски, Јавното обвинителсто сè уште нема донесено одлука. Кривичната пријава од полицијата не е отфрлена, ЈО извести дека ги проверува наводите што се изнесени во неа.

„Против Д.К. (50) од Скопје е поднесена кривична пријава за делото злоупотреба на службената положба и овластување, предвидено и казниво по член  353 став 4“, соопшти вчера МВР. За истото дело е пријавен и пранешниот генерален секретар Димовски. „Третопријавениот Д.К., како претседател на Владата на Република Северна Македонија, по претходен договор со првопријавениот П.Б., на 08.03.2022 година ја ставил на дневен ред и усвоил постапка за основање на трговското друштво Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно Деловодникот за работа на Владата (член 68, став 1).

Со ова овозможил друштвото да стекне право да приредува игри на среќа без лиценца и на одговорните лица им овозможил противправна имотна корист од 8.598.000 денари (140.000 евра)“, стои во пријавата од МВР против поранешниот премиер. Кривичната пријава против Груби е за делото злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, од членот 275-в став 3 во Кривичниот закон. За ова дело се предвидени најмалку 5 години затвор и нема горна граница на запретената казна. Казнив е и обидот за ова дело, а на сторителот судот ќе му изрече и забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ