На интернет протекоа две снимки од „Рекет” со најава дека комплетните разговори ќе бидат доставени до ОЈО после изборите

0
216

На Јутјуб денеска непознат канал објави две нови снимки, за кои се тврди дека се слуша гласот на адвокатот Васил Димишковски.

Снимките објавени од каналот потпишан како Алибаба Тредичи, го содржат гласот кој наводно е на Димишков, но се исечени деловите во кои зборува неговиот соговорник.

На крајот од снимените разговори има порака дека комплетните снимки ќе бидат доставени до ОЈО после изборите.

Интересно е што во снимките не се слушаат имињата на Вице и Зоран Заев ама некој ги додал во заграда колку да им ги накалеми разговорите на нив, што секако нема врска.

Нема никаков доказ дека муабетот се води во Струмица, ова многу личи на договарање кое го договарал адвокатот Димишковски во име на Камчев но и неговата сестра судиката Димишкова со Боки и Катица.

Адвокатот одамна беше споменат од Ана Камчева. дека барал мито за Камчев да биде пуштен од притвор.