Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

НА ДРИН АХМЕТИ МУ ОТИДЕ БИЗНИСОТ : ИЗВРШИТЕЛ ЈА СТАВИ ,,СОРАВИЈА” НА ПРОДАЖБА ЗА 22,4 МИЛИОНИ ЕВРА

Деловниот центар „Соравија“ во строгиот центар на Скопје, кој беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа Инвест“, е ставен на продажба од страна на извршител, по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, објави „Фокус“.

Извршителот Андреја Буневски кон крајот на март донел заклучок за усна јавна продажба на недвижниот имот во рамки на деловниот комплекс „Соравија“, врз основа на барањето за спроведување на извршување во вредност од 930.425 евра од страна доверителот „Прва Инвестициона Банка“ со седиште во Софија, Бугарија, засновано на извршна исправа Солемнизација на договор за залог од 02.09.2022 година против должникот „Соравиа Инвест“.

Според заклучокот на „Фокус“, таксативно се наведува недвижниот имот што оди на продажба, која ќе се одржи за дваесетина дена, односно на 24 април. Притоа, почетната вредност на објектот, утврдена со заклучок на извршителот Буневски, изнесува 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра, под која тој не може да се продаде на првото јавно наддавање.

Дополнително, во заклучокот стои дека на јавното наддавање може да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција во висина од една десетина од утврдената вредност на недвижноста, односно во износ од 137.797.853 денари или околу 2,23 милиони евра. Најповолниот понудувач е должен да ја уплати сумата во рок од 15 дена или во спротивно ќе се закаже ново наддавање.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ