НА ДВОЈЧЕ МУ ТЕЧИ НИЗ НОГАВИЦИ, КАТИЦА И СЈО БУРИЧКААТ ВО БИТОЛСКИОТ ВАЛКАН ВЕШ : Три тима на СЈО упаднаа во РЕК и Битолската млекарница!

0
983

Два тима со обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство се влезени во РЕК Битола и еден е во Битолската млекарница, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

Тимови СЈО влегоа во РЕК и извршија увид врз дел од документацијата и на 5 октомври минатата година.

„Претставници на Специјалното јавно обвинителство со соодветна документација во рамки на нивните законски овластувања беа во РЕК „Битола“. Како компанија им излеговме во пресрет да обезбедиме за се што е предмет на нивните потреби“, рекоа тогаш од РЕК.