На Грујо почнаа да му вртат грб неговите, кај и да е ќе му го рокнат ножот во грб, Јанева открива: Има лица кои сакаат да бидат заштитени сведоци

0
1214

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во разговор за порталот „Призма“, ги потврдува информациите дека одредени лица се подготвени и сакаат да бидат соработници на правдата, односно заштитени сведоци за содржините што произлегуваат на незаконското прислушување.

„Да, точно е, но во овој момент не можам да зборувам за тоа бидејќи прво треба да ги примиме сите пријави, предмети, да видиме во која фаза се и кои сѐ лица би соработувале со правдата“, вели Јанева за „Призма“.

Таа, во разговорот тврди дека од нејзиниот избор до денеска немала никакви притисоци, интервенции, а ги демантира и информациите што ги објавиjа некои медиуми, за наводна „случајна средба“ со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, во скопски ресторан.

„Ноќното излегување не е типично за мене. Кој ме познава ќе го потврди тоа. Можете да ме најде во 5 часот наутро како работам или да ме сретнете да пешачам, но никогаш нема да ме видите по полноќ во угостителски објекти. Не го познавам Мијалков и не е точно дека сум се сретнала со него“, вели Јанева.