На Груевски не му истече мандатот, туку времето!

0
1352

Петстотини и кусур делегати, возрасни луѓе, цели два дена ќе потрошат во режирана фиделкастровска атмосфера, без шанса да сфатат дека на нивниот вожд не му истече лидерскиот мандат туку времето!

Katerina-Blazevska-kolumna

Ни поголеми држави не би можеле да го издржат товарот на една ваква „ДПМНЕ-демократија“, која во својата суштина е целосно аморална и абнормална. Затоа, кога Груевски се обидува да ги дискредитира сите што ја прочитале и демаскирале неговата владејачка матрица, тој не прави ништо спектакуларно ново туку само со други средства ја продолжува досегашната практика на градење системи со ограничен пристап. Тоа е систем за темелна поларизација на општестото, преку изолирање и партиска диференцијација, по која за послушниците и изршителите следуваат рози, за неистомислениците – трње.

Па не е чудно што денес, кога светот го одбележува Први мај, овде не се бројат успесите на трудот, туку жртвите од политиките на трутот: сиромаштија, растечка нееднаквост, невработеност, прекаријатот… Не е тешко да се утврди колку од граѓаните политички се прогласени за работен вишок („тие што тужат ќе ги ставам во суфицит“), колку од нив се државен вишок (предавници и велепреданици), на колку им се ограничени шансите за пристап до работа („тој не е наш“), колку се непристрасни комисиите („да направиме наша комисија во УЈП“), колку е власта фер кон опонентите и неопределените („тие што не се наши ќе летаат од работа“)…

Апсурдот за да биде поголем поголем, сето ова се случува додека фамилијата си игра „монополи“ во живо, со буџетски пари, си договара провизии и си тера приватни бизниси од Швајцарија преку Чешка до Кипар и Белизе. Но, за потребите на глумењето демократија и почит кон работните човечиња, ете, дури и на ССМ му било дозволено да организира некаков првомајски марш. Кумановци би рекле, „да виду, да не верују“.

Ќе поверуваат, бидејќи токму на нивни терен ќе се одигра уште една драмолетка, наречена Конгрес на ВМРО-МВРО, како што би рекла Јанкулоска. Демек, на Груевски му бил истечен мандатот. Замислете, петстотини и кусур делегати, возрасни луѓе, цели два дена ќе потрошат во режирана фиделкастровска атмосфера, без шанса да сфатат дека на нивниот вожд не му истече лидерскиот мандат туку времето. И да биде лидер и да не биде, и со конгрес и без конгрес, Груевски е бивш, во секаква смисла.

Целата колумна на Катерина Блажевска прочитајте ја тука