Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

НА ВУЧИЌ МУ СЕ СЛОШИЛО ПОРАДИ СИЛНА БОЛКА ВО ГРАДИТЕ И ВИСОК ПРИТИСОК

Кардиологот, бригадниот генерал Драган Динчиќ, кој, според него, долги години учествува во лекувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот претходник Борис Тадиќ, изјави дека Вучиќ ненадејно се вратил од САД бидејќи почувствувал силна болка во градите која траела неколку секунди, како што рекол самиот Вучиќ.

Меѓутоа, како што рекле другите присутни во тој момент, според Динчиќ, таа болка траела нешто подолго. Според Динчиќ, болката е поврзана со високиот крвен притисок на Вучиќ, кој 45 минути по земањето на терапијата изнесувал 165/98. Кардиологот Динчиќ оценил дека притисокот пред терапијата веројатно бил многу поголем. Наведе и дека во последните повеќе од 10 години, во три наврати, Вучиќ имал слични заболувања кои најчесто се поврзани со екстремно високи вредности на крвниот притисок.

-Претседателот си ја зеде дополнителната терапија, која беше доста интензивна, а по 45 минути, кога пристигна тимот лекари од САД, измерените вредности на крвниот притисок беа 165/98, што јасно покажува дека притисокот пред да се земе терапијата бил значително поголем отколку во моментот на мерењето. При прегледот во ВМА каде што пристигна денеска околу 13 часот, немаше проблеми и се чувствуваше добро – изјави Динчиќ. Тој рече и дека по потребните прегледи и анализи, Конзилиумот на лекари на ВМА констатирал дека моменталната здравствена состојба на Вучиќ е стабилна и задоволителна.

-Конзилиумот ја коригираше терапијата, советуваше продолжување на понатамошното редовно следење и лекување. Се очекува претседателот да ја напушти ВМА во следниот час (околу 17 часот) и секако не е реално да се очекува дека претседателот ќе може целосно да се врати на редовните активности во следните неколку дена – рече Динчиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ