НА ВИЛМИЧ РУСКОВСКА И СЕ СЛУЧИ НАЈГОЛЕМАТА КЛЕТВА, ОД ОВА ИМА ЛИ ПОГОЛЕМ ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО ЗГРЕШИЛА: КАЛАЈЏИЕВ И ЛУПЕВСКА ДА ЈА БРАНАТ НА ТЕЛМА!

0
791

Во земјава од неодамна има едно златно правило – АКО НА ТВ ТЕ БРАНАТ КАЛАЈЏИЕВ И ЛУПЕВСКА, ЗНАЧИ НЕШТО ГАДНО СИ ЗАБРЉАЛ!

– Ние сме имале и поголеми пропусти во обвинителството поврзани со надлежноста, општо познато е дека постапувале обвинители што воопшто не се реизбрани со години, Нивниот легитимитет е многу попроблематичен од овој дали процесно по една иста линија да речам на надлежност постапува еден или друг обвинител. Во принцип имаме флексибилност во обвинителството од опортуни причини, презафатеност на пример, дури и овие што се во тоа одделение. Процесниот дел не се работи што би ги санкционирал ниту судот и што се многу чудни за вакви санкции и вакви квалификации, повеќе би рекол на политички план, вели професорот Гордан Калајџиев.

Според него поголема грешка на Вилма што сега не се спомнува, нејзиниот повик до странските амбасади кој што значеше дека системот е растурен дека нема доверба во повисокиот обвинител и повикува на помош од страна.

– Во принцип таквиот чекор беше очајнички, мислам дека и самата обвинителка веројатно со време ќе се покае за ова бидејќи не доликува ако си обвинител, ако не можеш да се бориш или да си ја извршиш функцијата, било која функција да ја имате, особено не ваква одговорна функција и захтевна ред е да поднесете оставка. Мој впечаток е дека таа има стапнато на жуљ на некого и дека ваквата усилена интервенција на државниот обвинител е практично по нарачка, вели Калајџиев.