НА БИХАЧКА ИМ ПУКНА ФИЛМОТ ОД АНТИВАКСЕРИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА: ВМРО МНОГУ ДА НЕ ВРТИ КАКО ОБЛАК ОКОЛУ КРАГУЕВАЦ И ДА ПОВИКА НА ВАКЦИНАЦИЈА!

0
485

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ наместо да врши евалуација на кампањата за вакцинација, треба да ги повика граѓаните и своите членови да се вакцинираат.

Мицкоски да престане со лажната загриженост и барем еднаш да преземе одговорност да повика јавно на масовна вакцинација.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која поттикнува прекршување на мерките, партија која поддржува протести против вакцинацијата а денес се најде повикана да коментира кампањи кои имаат за цел зголемување на опфатот на вакцинација.

Со таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на страната на вирусот и работат на штета на здравствениот систем и јавното здравје.