На автомобилот на Младенов имало боја од друг автомобил!

0
482

avtomobilot nm

– Преку СМС пораки Јанкулоска го информирала Груевски: „Има една незгодна работа, на колата има боја“. Зошто оваа инфоромација не е споделена со јавноста? Треба да одговорат Јанкулоска и Груевски. Трагите се трета клучна причина за отворање на нова истрага.
Котевски признава како за време на увидот не е се подигнато мислејќи на фискалните сметки најдени од новинарот Томислав Кежаровски кој тогаш пишувал за ова. Котевски и Јанкулоска сметале дека траекторијата на движењето на Младенов не требало да се објави во јавноста. Зошто не е спроведена истрага дали и други лица се нашле на исто место и во исто време кај Младенов? Зошто фискалните сметки од патарините не биле причина за дополителна истрага, со кои луѓе се сретнал Младенов и дали тоа е поврзано со сообраќајката. Јавноста ќе слушне дека не работеле камерите на наплатните станици кај патарините, кои ги обезбедува СГС на Мијалков, и дека Јанкулоска сакала тоа да не се објави – рече Заев.