Скопскиот кривичен суд ја прифати спогодбата што врховниот судија ја склучи со Јавното обвинителство во врска со предметот во кој тој беше осомничен за земање мито за да влијае во предмет.
– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од три години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание, за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години. Воедно со пресудата, изречена е дополнителна мерка Забрана за вршење професија дејност во траење од 3 години од правосилноста како и конфискација на имотната корист, стекната со извршување на кривичното дело, во износ од 15.000 евра – соопшти Судот.