Најчевска: Срам за полицијата, срам за јавното обвинителство, срам за судот – Криминалците кои уништија цела држава дојдоа и отидоа со мерцедеси, луѓето кои се побунија против криминалот ги врзаа со лисици

0
618

saveski_vo_lisici_zigosana1-670x377

Срам за полицијата, срам за јавното обвинителство, срам за судот.

Криминалците кои уништија цела држава дојдоа и отидоа со мерцедеси.

Луѓето кои се побунија против криминалот ги врзаа со лисици.

Ова нема врска со законот, ни со процедурите, ни со правилата.

Не, не се работи веќе за еден полицаец на кој можеме да покажеме со прст. Не се работи за еден јавен обвинител на кој може да покажеме со прст. Не се работи за еден судија на кој може да покажеме со прст.

Сите сте еднакво криви. Затоа што дозволувате ова да се случи. И никогаш веќе нема да можете да ја симнете таа љага од себе.

Цел живот ќе знаете дека знаеме кои сте и што сте и чии слуги сте. Вие сите застанавте во одбрана на криминалот со вашето делување и неделување, со вашето кажување и со вашето молчење.

Не е криминалец човекот со лисиците, туку сте криминалци вие во униформите и во одорите. Криминалци со кои ќе мора да расчистиме за да може да тргнеме напред.

Мирјана Најчевска – Фејсбук статус