Најхрабриот олимпиец стравува: Ќе ме убијат, ако се вратам дома

0
960

Направи крст со рацете и на целта втрча како втор најдобар маратонец во Рио, освојувајќи сребрен медал за Етиопија. По трката Фејис Лилес не сакаше да зборува за атлетиката, туку на новинавите им даде одговор зошто направил „Х“.

„Во последните девет месеци се убиени повеќе од 1000 луѓе кои припаѓаат на мојот народ“, им изјави Лилес на новинарите.

la-sp-sn-athletics-oly-2016-rio-20160821

Лилес припаѓа на народот Оромо, кој е маргинализиран од етиопската влада. Тие постојано протестираат против државата и премиерот кој сака главниот град Адис Абеба да го прошири за земјата на ороманците. Откако се побунија, почнаа серија на убиства, апсења и мачења по затвори, а припадниците на Оромо за време на масакрите со рацете го правеа истиот знал како што го направи Фејис на целта.

Неговите родители, брат, сестра, сопруга и две деца се во Етиопија, а атлетичарот стравува дека се уапсени додека тој во Рио на светот му ја открива страшната вистина.

„Ако се вратам дома, ќе ме убијат.“, изјави Лилес.
„Ако не ме убијат, ќе ме пратат во затвор. Сакам да се преселам во некоја друга земја. Секој пат кога некој ќе тропне на вратата, си помислувате дека тие доаѓаат по вас.“, вели тој.

Засега атлетичарот, кој светските медиуми го опишуваат како најхрабар олимпиец, планира да остане во Бразил извесно време, а има понуда од пријател од Кенија да се пресели таму.

Иако ја освои единствениот медал за својата земја на маратонот, етиопската телевизија не го прикажа неговото влегување на целта, кога искажа поддршка на својот народ кој е најброен во Етиопија и од кој доаѓа светскиот рекорд на 5 и 10 илјади метри од Кенис Бекеле, кому не му дозволија да настапи во Рио.