Овој природен базен во вулканскиот кратер на Самоа им овозможува на посетителите уникатно искуство.
Базенот се наоѓа во Лотофага, село на јужниот брег на островот Уполу во Самоа.
До водата можете да се спуштите по скали, а можно е и да изведувате и скокови од дрвената платформа.
Базенот е опкружен со густа вегетација, а благодарение на многуте канали кои го поврзуваат базенот со океанот, базенот никогаш не пресушува.