Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил го анализира новиот владин проект за зголемување на вработеноста насловен како „Македонија вработува“, а кој и по името, и по самата содржина е сличен на „America works“ – проектот на претседателот на САД, Френк Андервуд од телевизиската серија „House of cards“. Еве што напиша Најчевска:
Прво мислев дека е првоаприлска шега, па се осигурав дека не е.
Потоа ми текна дека сигурно некој во Владата ја гледа серијата „House of cards“ во која се опишува замислен, до коска корумпиран, насилен претседател на САД (Frank Underwood) кој не се вознемирува да измачува, убива и уништува луѓе.
Во третата сезона од серијата како популистичка мерка со која се обидува да ги добие изборите и покрај тоа што е перцепиран како криминалец ја промовира програмата наречена Америка работи („America works“), која е идентична на денешниот предлог на нашата Влада.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=QgTIhT5aLCg[/youtube]
За тие кои знаат англиски една мала анализа на оваа програма.
Мислам дека оваа промоција ја потенцира веќе постоечката сличност на имагинарниот лик на претседателот – убиец и нашите актуелни властодржци.