Крајбрежната стража на Тунис ги пронајде телата на 27 африкански мигранти откако два брода кои се обиделе да го преминат Медитеранот потонале во близина на брегот, изјави националната гарда, објавија повеќе светски медиуми. Бродовите потонале во водите на градот Сфакс, појдовна точка често користена од африканските мигранти.
Минатиот месец крајбрежната стража на Тунис ги пронајде телата на околу 30 други мигранти во два одделни инциденти, откако нивниот брод потонал додека пловеле кон Европа. Националната гарда изјави во четврток дека крајбрежната стража спасила 87 луѓе кои биле на истите два брода кои потонале во близина на Сфакс.