Најмалку седум наставници загинаа денеска во пукотница во училиште во северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан, јави локалната телевизија Гео.Престрелката се случила во областа Парачинар, објави телевизискиот канал.
Во меѓувреме, исламистичките милитанти убиле шест пакистански војници во престрелка со вооружените сили во близина на границата со Авганистан, соопшти армијата. Одговорноста за убиствата ја презедоа пакистанските талибанци, познати и како Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП).
Крвопролевањата доаѓаат во момент кога Пакистан најавува нова офанзива против милитантите, откако тие ги продолжија нападите и во февруари нападнаа џамија, при што загинаа повеќе од 100 луѓе.Исламабад тврди дека исламистичките милитанти кои сакаат да наметнат тврдокорна верзија на исламските закони во Пакистан имаат безбедно засолниште во Авганистан, од каде планираат и извршуваат напади. Кабул го негира ова обвинение.Армијата соопшти дека тројца „терористи“ биле убиени и дека моментално ја пребарува областа каде евенуално може да се кријат напаѓачите.