НАЈЗГОДНИОТ АКТЕР НА СВЕТОТ ,,УЛОВЕН“ СО НОВИОТ ПАРТНЕР

0
1640

Холивудскиот актер Лук Еванс е фотографиран во Мајами со новиот партнер Фран Томас, графички дизајнер, со кој е во врска неколку месеци. Минатото лето често се појавуваше во јавност со својот партнер. На почетокот се пишуваше дека актерот сака со оваа врска да го преболи своето поранешно момче Рафаел Олар, со кој раскина во 2021 година по две години врска, но изгледа се работи за нешто посериозно.

Сè уште е рано за конечен заклучок, но врската засега се развива во добра насока. Еванс, кој го следи епитетот за најзгоден актер, доживеа некој да го засени на плажа. Ни помалку ни повеќе – неговиот партнер, кој е во уште подобра форма од холивудската ѕвезда. Лук Еванс, кој пред неколку години, според Just Jared, одморал на Миконос со маж од Србија, ги искоментирал своите претходни врски со следните зборови: „Така е. Врските се тешки, раскинувањата се тешки, а ништо не е црно-бело. Љубовта е комплицирана“.