НАЈДОСКИ : АПЕЛ ДА СЕ СПРЕЧИ КАТАСТРОФАТА КАЈ СЕЛОТО ОРЕВОЕЦ КОЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И ЖИВОТО ЗАГРОЗУВАЧКА

0
146
Во близина на градот Прилеп, кај селото Оревоец, фирмата Бехтел&Енка отвори каменолом, што предизвика сериозни еколошки и здравствени проблеми за локалното население и околната средина. Овој проект значително го уништи природниот крајолик, нарушувајќи ја убавината и биодиверзитетот на областа.

Дополнително, активностите на каменоломот ги доведоа во опасност изворите на вода од кои се снабдува градот Прилеп, што претставува директна закана за водоснабдувањето на илјадници жители.

Покрај тоа, мермерната прашина што се ослободува од каменоломот при експлоатацијата е сериозен загадувач. Оваа прашина содржи микрочестички кои се штетни по здравјето на луѓето, предизвикувајќи респираторни проблеми и други здравствени нарушувања.

Жителите на Прилеп и околните населби веќе пријавуваат зголемена појава на болести поврзани со респираторниот систем, што директно се поврзува со загадувањето од каменоломот.

И покрај економските придобивки,минорни за општината, што можат да произлезат од работата на каменоломот, негативните ефекти врз околината и здравјето на луѓето не можат и не смеат да се занемарат. Локалните заедници и ние активистите бараме итни мерки за заштита на животната средина и здравјето на населението, вклучувајќи прекин на работите и рехабилитација,САНАЦИЈА, на веќе оштетените подрачја,како и санација на оштетените куќи од минирањата во село Оревоец.
Фејсбук статус на архитект Мирче Најдоски.