Најдобар студент на УКИМ 2012/2013. Не успеа да се вработи, и ете вчера замина во Чешка

0
1837

Најдобар студент на УКИМ 2012/2013. Не успеа да се вработи, и ете вчера замина во Чешка. Непрекинато се прашувам зошто немаме систем на вредности да ги препознаеме и вткаеме најдобрите во нашето живеење, а од друга страна се радувам оти заминале, затоа што не паднале под своите критериуми и не направиле јалов компромис. Нема да и биде лесно. Но лесно не е никогаш, и не смее да биде, ако се сака повисоко, подалеку, поубаво, похумано, повистинито. А Iff сака! Да се вклопиш повеќе не е предност. Уметникот не се вклопува никогаш и никаде и не е комформист. Тој гледа онаму каде обичните очи мижат, мисли “нанаму” од каде сечии мисли бегаат, допира таму каде боли и не смее. Инаку зошто би бил уметник…Драга Ивана, со среќа!

Фејсбук статус на Синоличка Трпкова