Tuesday, April 29, 2025
6.8 C
Skopje

Најави за протест против полициска бруталност и во Прилеп

По вчерашните протести во Скопје, денес и во Прилеп се појави иницијатива за протест против полициската бруталност.

11203075_10153007358572917_6443600066194504820_n

Најавите за мирниот протест во Прилеп следат после вчерашните настани во Скопје, каде непосредно после објавените разговори од опозицијата во кои се открива обидот за сокривање на убиството на Мартин Нешкоски кој беше претепан до смрт од полициски специјалец пред три години, мноштво народ излезе на улиците и пред зградата на Владата да го искаже својот револт.

Протестот во Прилеп е иницијатива на граѓанскиот активист и блогер Јане Ѓорѓиоски – Рибаро, кој под паролата „Ако не ти е срам, оставиме сам“ ги повикува своите сограѓани да му се придружат на мирен протест против полициската бруталност.

Вчерашниот протест против полициската бруталност беше најдобар доказ за постоењето на полициската бруталност. Вчерашното однесување на полицијата само ги потврди обвинувањата дека тие се тие кои сакаа да ја сокријат смртта на Мартин Нешкоски пред три години, случај за кој сега веќе паднаа сите маски после вчерашните објавени разговори од опозицијата. Граѓаните се оние од чии даноци се храни и полицијата и сите државни институции, и поради тоа секој граѓанин мора да бите третиран со почит, па дури и кога има да каже нешто против сопствената влада – изјави Ѓорѓиоски.

Протестот ќе се одржи во 18 часот пред камената бина на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп.

Извор : 10bez10

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ