НАЧАЛНИКОТ УШТЕ ДРМА ВО МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО СО ПОМОШ НА СВАРОВСКИ МАФИЈАТА: СЛУЧАЈОТ ТОТАЛ НА ЛАТАС СМЕНИ 6 СУДИИ, ПОМИНАА 3 ГОДИНИ, НЕМА ПРЕСУДА НИТУ НА ПОВИДОК!!!

0
809

Судењето за Тотал за даночно затајување на екс уредникот на Сител, Латас почна на 5-ти декември 2017-та, сега сме февруари 2021-ва, уште малце ќе поминат 4 години, се сменија 6 судии, и уште нема ниту на повидок епилог, кој знае дали воопшто ќе има епилог, големи се шансите случајот да застари!

Ова е доказ дека началникот уште дрма во македонското судство каде сваровски судската мафија уште е силна!!!

Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и консалтинг услуги „Тотал маркетинг“, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“.

Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ-Латас за 63 илјади евра.

За време на маратонското 3 годишно судење, имаше различни финти со кои се одложуваа рочиштата, на некои Латас го немаше, навѝодно беше на лечење во Германија, потоа се разболеа судиите, па некои добија унапредување па мораа да го предадат случајот на нови судии, па адвокатите на Латас правеа разни ујдурми како оваа од 2018-та:

Неговата одбрана пред започнување на главната расправа побара да ги добијат транскриптите од 14 „бомби“ кои СЈО ги има предложено како доказ.

Адвокатката Светлана Савиќ истакна дека без да ги видат транскриптите од прислушуваните разговори нема да можат да дадат воведни говори.

Обвинителката пак истакна дека обвинетиот имал досега можност да ги преслуша бомбите.

Судијката Славица Наумова го усвои барањето на одбраната и им даде транскрипт од прислушуваните разговори за како што рече, да се запознаат со содржината на аудио материјалите.