Стеванче Јорданоски – земјоделец со срце, визија и искуство, е новиот претседател на Националната федерација на фармери!
Долгогодишен член на Национална федерација на фармери и вреден земјоделец од с. Мажучиште, прилепско, Стеванче го живее земјоделството секој ден – со своето семејство ги обработува нивите, одгледува пченица, тутун, градинарски култури и се занимава со сточарство, одгледување на крави, и ја познава секоја борба и секој успех што ги носи оваа благородна професија.
️ „Цел живот работам земјоделство. Се соочуваме со многу предизвици – климатски промени, пласман на производи… Но, со поддршка од членовите на Управниот одбор и тимот на Извршна канцеларија, ќе се залагаме за подобри пазарни услови, вклучување на млади фармери во креирањето политики и поголема поддршка за малите земјоделци“, истакна Јорданоски по неговиот избор.
Со оваа промена, Националната федерација на фармери влегува во нова фаза – уште поангажирана, уште погласна, уште поблиску до малите земјоделци! Земјоделците го хранат народот
Фејсбук статус на ,,Национална федерација на фармери”.