Научниците открија систем за читање мисли

0
1346
Научниците од Универзитетот од Орегон измислија систем со кој ќе можете да ги читате мислите на другите луѓе користејќи мозочни скенирања и потоа тие да бидат проектирани на екран. Тоа значи дека може секој да ги пишува зборовите и речениците, буква по буква, со само мислење на нив.
Според истражувачите, ова е прв систем кој преведува мисли во букви во реален живот, и кој дозволува повратна комуникација со само сесија на скенирања.
Во студиите учествувале 23 волонтери на кои им биле прикажани 1.000 слики во боја на рандом лица. За време на сесијата, нивните мозоци биле поврзани на машини кои ги следат активностите на нивните неврони. Така програма од вештачка интелигенција е таа што ги чита активностите на мозокот и прикажува математички опис на покажаните лица. Всушност, тоа е вториот дел од експериментот, бидејќи почетниот дел опфаќа тренинг сесии за вештачката интелигенција што чита мисли.
Целта на програмата е да ги меморира корелациите помеѓу одредени шеми на активноста на мозокот и одредени карактеристики на лицата.
20160707-nauchnicite-otkrija-sistem-za-chitanje-na-misli-1
Во втората фаза, програмата успеала да прочита лица кои се на база на активноста на мозкот на волонтерите. Лицата покажани на волонтерите се сосема различни во двете фази на експериментот. Причината за ова е бидејќи се користени податоци за програмата на два дела од мозокот. Едниот кој е одговорен за свест за околината, формирање на сеќавање, број и процесирање на јазикот, а додека функцијата на другиот дел е процесирање на визуелни стимулации.
Извор: Факултети