Наумов: Владата не успеа да ги добие сите средства од денешната аукција

0
562

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во соопштението по повод денешната аукција на државни записи наведува дека темпото на задолжување мора да се намали.

Во соопштението истакнува дека Министерството за финансии на денешната аукција на државни записи и обврзници не успеа да ја запише сумата што ја побаруваше врз основа на проспектите објавени на 26 април годинава.

Според Наумов, министерот за финансии најверојатно ќе се обиде кусокот да го надомести со наредната аукција по која не доспеваат долгови за враќање.

Во соопштението потсетува дека  ниту една одлука во Министерството за финансии нема согласност од него и оти постапката пред Управниот суд за задолжувањата на домашниот пазар се уште не е завршена.