НАТО ВО БУГАРИЈА ГРАДИ ИНФРАСТРУКТУРА ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И РАСПОРЕДУВА 5.000 ВОЈНИЦИ

0
373

За потребите на НАТО во Бугарија ќе биде изградена инфратсруктура во вредност од шест милиојарди евра, изјави бугарскиот министер за однбрана Тодор Тагарев. Тој рече дека станува збор за патишта, железница, нафтоводи, складишта и објекти за сместување.

Бугарскиот министер наведе дека НАТО во Бугарија се подготвува да распореди 5.000 војници од САД, Италија и уште пет соседни земји, пренесува Танјуг. Тагарев кој се врати од посета на САД, најави дека се склопуваат осумте борбени авиони Ф-16 кои Бугарија ги нарача од САД, а за 2025 најави и дека ќе почне испораката на оклопните возила „Страјкер“ за Бугарија.