НАТАША ПЕТРОВСКА : НОВ КОЛОВОЗ И ЗА ПРВПАТ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ ВО СЕЛОТО БУКОВО

0
349
Со инвестиција над 13.000.000 денари средства од општинскиот буџет, денес проектот за изградба на колекторски систем и нов коловоз во селото Буково, влегува во завршна фаза.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес го посети селото, за време на асфалтирањето на патот, при што месното насление изрази голема благодарност за исполнетото ветување од Петровска, со што за првпат Буково добива можност за приклучување кон градската канализациона мрежа.
На денешното асфалтирање, претходеше изградбата на колекторскиот систем, која локалната самоуправа ја реализираше преку општинското комунално претпријатие „Нискоградба“.

Во моментот на колекторскиот систем приклучени се 45 домаќинства, со што надмината е досегашната потреба од септички јами.
Фејсбук статус на градоначалничката на град Битола, Наташа Петровска.