НАТАША ПЕТРОВСКА ВО БИТОЛА ВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ,,РИМСКИОТ ПАТ” КОН ХЕРАКЛЕЈА СО ГРАНИТЕН КАМЕН

0
199

Во тек се реконструктивните работи на пристапниот пат, односно т.н. „Римски пат“кој води до античкиот локалитет Хераклеа Линкестис во Битола.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во градежните работи на терен, заедно со проект менаџерот Гоце Богоевски и претставниците на македонските партнери Завод и Музеј и МКЦ Битола. Богоевски објасни дека на оваа делница, асфалтната покривка на коловозот е отстранета и заменета со коцка од гранитен камен заради автентичност на изгледот. Од десната страна на пристапот до локалитетот од поситен гранитен камен е предвидена пешачката патека која ќе биде осветлена со фотоволтаични светилки по целата должина до влезот на локалитетот Хераклеја Линкестис.

Градежните зафати на оваа локација се во рамките на проектот Смарт-кул-тур, кој се спроведува во рамките на Програмата на Европската Комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за 2014 – 2020 година. Општина Битола како водечки партнер во проектот ја спроведува активноста за реконструкција на пристапниот пат т.н. „Римски Пат“ до локалитетот. Исто така, во рамките на проектот се подобри инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис во Битола, а од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда, во која ќе има поставка на Стерјо Спасе во с. Глобочани, Општина Пустец,

Проектот, кој покрај другите активности има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда на поширокиот регион почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча.