НАРОД АМА И ГОСПОД ЌЕ ГИ КАЗНИ ЗА ОВАА БУДАЛАШТИНА ШТО ЈА ПРАВАТ ВМРОВЦИТЕ : ДОДЕКА НАРОД УМИРА ТИЕ ОДБИВААТ ДА ОДАТ НА СЕДНИЦИ И ТЕРААТ ПОЛИТИКА?!?!

0
551

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица, денеска претпладне не присуствуваa на редовната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери. Пратеници на овие партии брифираат дека веќе нема да обезбедуваат кворум за работа на Собранието, дека владејачкото мнозинство ќе мора тоа само да го прави.

Денеска кај Џафери требаше да се разговара за дополнувањата на Деловникот за да овозможи онлајн-гласање поради ситуацијата со ковид-19.

Опозицијата вели дека ставањето на дневен ред на дополнувањата на Деловникот на Собранието за седницата за в четврток било без договор со нив.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, за МИА најави дека тие ќе присуствуваат само на седници со точки на дневен ред за кои ќе проценат дека се од интерес за граѓаните, а не во интерес на политичките партии од власта.