Главниот и одговорен уредник на порталот ,,Мактел.Мк” Саше Ивановски – Политико во своја колумна напиша грст навреди и клевети кон уредникот на порталот ,,Народен Глас” и тоа секако не е првпат, иако тоа порано го правеше за уредникот на порталот Доказ.Мк.
Ова не е негов прв испад на негов медиум и ова не е негова прва навреда за која ќе реагираме соодветно на неговата уцена со правна постапка поради неговите навреди и уцени.
Што се однесува до “украдените” објави на ,,Мактел.Мк” од страна на ,,Народен Глас” се огромен дел од соопштенија на опозицијата, пренесени вести и веќе објавени видеа и фотографии каде уредникот на ,,Мактел.Мк” дрско навредува и уценува за наводни кражби иако нашиот медиум не украл авторски текст па да го потпише како сопствен. Па од тука сметаме дека овај текст на уредникот на ,,Мактел.Мк” е една навреда и клевета и ќе реагираме веднаш со тужба со цел овај притисок за работа во ,,Мактел.Мк” да престане еднаш за секогаш.
Иако ние како медиум секогаш кога порталот на Саше Ивановски бил привремено недостапен сме пренесувале негови објави и ставови со негова молба и сме помогнале околу искажување на неговиот став дури и емисијата негова ,,Политико” која одеше на неговиот сајт ја пренесувавме на ,,Народен Глас” но тој сепак го заборава тоа и таа подадена рака од уредникот Рубин Иваноски и се дрзна да навредува и да клевети што е рамно на невидено лудило и хистерија во потрага по виновници.
П.С. Политико пишал дека порталот ,,Мактел.Мк” има соработка со ,,Либертас” , а што беше тоа со споделувањето на видеата од емисијата ,,Политико” на ,,Народен Глас” па дури и линкови од емисијата во живо по негово барање и предлог?! Тоа нели е взаемна соработка?! Или да се проба ако се може да го уцени уредникот на ,,Народен Глас” за работа во ,,Мактел.Мк” ако не јебига тогаш тужба а?! И барањето на Саше Ивановски да се угаси ,,Народен Глас” е чист нон сенс, отепај го своето дете а потоа гледај го туѓото?!