НАПАЃАЧОТ НА ПЕНДИКОВ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА : ЗАЛАЖАНО ПРВОТО РОЧИШТЕ

0
675

Процесот ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за нанесување тешки телесни повреди, мотивиран од омраза по национална и етничка припадност.

Oсновниот суд во Охрид за 28 февруари го закажа првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Христијан Пендиков, објави телевизија Телма. Процесот ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за нанесување тешки телесни повреди, мотивиран од омраза по национална и етничка припадност.

Според обвинителниот акт, поднесен од Основното јавно обвинителство – Охрид, за нападот врз Пендиков се товарат две лица, од кои едното е во бегство, а другото во притвор.„На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и со нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, се вели во обвинението.