Нападнат уредникот на „Доказ.мк“

0
914

Уредникот на „Доказ“, Марјан Стаменковски, бил физички нападнат вчеравечер. Вели дека станува збор за напад „на режимот“ врз опозициски новинар, но дека нема да дозволи тоа да го исплаши.

1240500_437026133084814_1976003237_n1-378x540

Како што пишува на порталот, напаѓачот го пречекал пред влезот на зградата во која што живее, но и дека успеал да возврати на нападот. Вели и дека сведоци го фотографирале едниот од напаѓачите, кој бил во сина металик тренерка.

– Само сакам да предочам една работа – напад врз опозициски новинар говори за вашата уплашеност, за вас самите. Јас преживеав и ќе преживеам пак и ќе го надживеам режимот и ќе му судам на режимот и вам бидете сигурни! – пишува Стаменковски.