Наместо шпекулации, да прашаа колегите како успеав да бидам во 15-те избрани новинари од сите 193 земји-членки на ООН

0
2170

Гледам се вртам по медиуми и по социјалниве мрежи повторно со истите шпекулации – СЈО, СДСМ, опозиција, Левица, пратенички листи, добитни места, ЛГБТ…
– Прво, да повторам по стотти пат – презимето ми е без “В”. Иако сум со лична карта од Скопје уште од раѓање, сепак сум прилепчанец (роден и израснат таму) и ние сме без “В” генерално. Тоа најмногу ме погаѓа.
– Второ, јас сум вработен во “24 Вести” телевизија како уредник/водител и новинар. И толку.
– Трето, за останативе нешта немам коментар, зашто сега сум само следач на настаните, а не и сведок, оти не сум присутен физички во Македонија, поради службено патување во САД.
– Четврто и најважно за разгледување:
Периодов сум на работен престој во Њујорк, САД во Организацијата на Обединетите Нации, во нивното седиште на оваа страна од Барата.
A propos ова, многу често се прашувам зошто колегите не се заинтересираа за фактот оти јас сум единствениот македонец (новинар) кој бил одбран за оваа новинарската програма “Рехам Ал-Фара” во 36-те ГОДИНИ (од 1980г.) колку што постои програмата. Дека сум меѓу 15-те избрани новинари од сите 193 земји-членки на ООН и дека сум единствениот претставник во програмата годинава, кој доаѓа од Европа и од Блискиот Исток (територијално гледано). Цел еден месец ќе работам за Одделот за Јавни Информации при седиштето на ООН во Њујорк, со особен аспект на 71-та сесија на Генералното Собрание како и изборот за наследник на Генералниот Секретар Бан Ки-мун, за којшто избор имаме и наш кандидат.

Но, добро. Во Македонија, приоритетите најчесто се поставени сосема спротивно од тоа што треба. На пример, за дел од моите колеги коишто учествуваат со мене, домашните нивни медиуми пишуваа по весници, правеа прилози и статии на Интернет, посочувајќи ги како амбасадори на новинарството од нивната земја, пред сите земји на ООН. Токму затоа од нас беше побарано да направиме извештај за состојбата со медиумите во државата ни, која ја претставувавме пред високи функционери на ООН, но, и ќе ја презентираме на Универзитетот Фордам во Њујорк.
Што знам, можеби воопшто не е важно дека за неполни 5 дена по почетокот, од страна на останатите учесници бев изгласан за тим-лидер за годинава.

Ама ако, повторно вие занимавајте се со шпекулации. Излегува дека сум присутен и кога не сум. Доказ дека постои клонирање!

Фејсбук статус на Огнен Јанески