Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

НАД 500 ЛУЃЕ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ДОНИРАА КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Над 500 граѓани за само два дена во Бугарија досега дарувале крв за повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ кои се лекуваат во Софија – ова го соопшти бугарскиот Црвен крст за агенцијата БТА.

Сепак, многумина се прашуваат дали собраната крв ќе биде доволна за сите повредени. Затоа, организаторите апелираат до граѓаните да продолжат со дарувањето до крајот на неделата.

Крв може да се даде во две клучни институции во Софија. Првата е Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И. Пирогов“. Втората е Националниот центар за трансфузиона хематологија. Денеска, 381 граѓанин учествувал во акцијата за повредените во Кочани. Вчера, пак, за само три часа над 120 луѓе дарувале крв.

„Со болницата ‘Н.И. Пирогов’ и Националниот центар за трансфузиона хематологија организираме голема акција за да обезбедиме крв за младите луѓе повредени во несреќата во Кочани“, велат од Црвениот крст на Бугарија.

ОВАА НЕДЕЛА

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА NETFLIX: ГО СПАСУВАМЕ ХОЛИВУД, КИНАТА СЕ МИНАТО

Тед Сарандос тврди дека стриминг сервисите не ја уништуваат...

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ