Му се слоши на судијата – исказот на Гордана Јанкуловска прекинат!

0
764

Прекинат исказот во Кривичниот суд на поранешната министерка Гордана Јакуловска затоа што му се слошило на судијата пред кого таа даваше исказ по што реагирала и Брзата помош, објави Телма.

Јанкуловска како осомничена во случајот кој го отвори СЈО „Тврдина“ денеска пред новинарите рече дека не е виновна

Денеска Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1, треба да одлучи дали неа и на двајца началници од УБК и еден архивар од Петтата управа, сите осомничени во случајот на СЈО наречен „Тврдина“ ќе им бидат одземени патните исправи.

За сите нив СЈО предложи мерки на претпазливост, а за шефот на Петтата управа, Горан Грујоски притвор, но тој по одлука на Кривичниот совет беше пуштен во домашен притвор.

Специјалното обвинителствто го сомничи началникот на петтата Управа како организатор на уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување во МВР.