МУ ПИШАВ НА ФЕЈСБУК И ЗА 2 ЧАСА МИ СЕ ЈАВИ И ПОМОГНА СО ШКОЛАРИНАТА КОЈА НЕ МОЖЕВ ДА ЈА ПЛАТАМ, СВЕДОЧИ ВАСИЛЕВ ЗА ПЕНДАРОВСКИ

0
270

Душан Хаџи Василев на својот Фејсбук профил објави интересен статус во кој открива како актуелниот претседател Стево Пендаровски му помогнал со школарината.

Тој вели дека напишал порака на Фејсбук страницата на Пендаровски, а потоа во рок од 2 часа, лично претседателот го контактирал.

„Доколку сакате долгорочна среќа, помогнете им на другите. Тоа е изреката и патеката по која се движи нашиот претседател Стево Пендаровски. Гледајќи и слушајќи ги нападите спрема претседателот, не можам а да не кажам неколку реченици. Човек со големо срце, којшто помага секому, секаде и подава рака за помош на секој еден граѓанин на којшто му е потребна. Една од тие личности сум јас, кој со едно пишување преку порака на неговата фејсбук страница, веднаш, во рок од 2 часа, лично тој ме исконтактира и ми помогна со половина од школарината за Академијата за програмирање на којашто сум запишан.