Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

МУЦУНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО РУБИО ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска треба да се сретне со државниот секретар на САД, Марко Рубио.Средбата е закажана за 9.30 часот по локално време во Стејт департментот.

Муцунски е во работна посета на САД. На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо.

За време на престојот, министерот Муцунски се обрати на сесијата посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан, како и на завршната Пленарна седница, со која беше заокружен овој значаен настан. Во текот на двете сесии беа разменети мислења за напредокот на земјите од регионот и за актуелните безбедносни предизвици. Учесниците заклучија дека, во услови на зголемени ризици, неопходен е засилен ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и просперитетот.

Говорејќи за претстојниот Самит на НАТО во Хаг, Муцунски подвлече дека одвраќањето не се постигнува со декларации, туку со инвестиции, решителност и кредибилни капацитети. Единството мора да биде функционално, не само декларативно.

Во рамки на активностите на Парламентарното собрание на НАТО, министерот Муцунски, заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, премиерот и министерот за надворешни работи на Хрватска, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина и други лидери од регионот, присуствуваше на свечениот прием на локацијата каде што беше потпишан Дејтонскиот договор – во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“. На настанот беше нагласена потребата од зајакната регионална соработка, стабилност и безбедност.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: ТОШКОВСКИ ДА СИ ОДИ ВЕДНАШ, ТОЈ Е ЗАШТИТНИК НА МАФИЈАТА И НАСИЛНИЦИТЕ

Прес-конференција, Богданка Кузеака, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Вчерашниот инцидент во...

ЈЕВТИМОВ: ВО ДОЈРАН НЕ СЕ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА, ТУКУ ВО ИНТЕРЕС НА СДС

Прес-конференција на Дарко Јевтимов Почитувани граѓани на Општина Дојран, Наназад 8...

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, А МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЗАКАНУВАЧОТ

Откако денеска скопското обвинителство информираше дека двајца граѓани се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ