МУЦУНСКИ : УЧЕСТВУВАВ НА СОСТАНОКОТ НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД САД НА ГОДИНЕШНОТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ОН

0
67

На маргините на годинешното Генерално собрание на ОН, учествував на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранска повелба (А5) кој се одржа во рамки на претседавањето на Република Албанија со А5.

Фокусот на сoстанокот беше ставен на унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички заклучивме дека оваа форма на соработка има постигнато значајни резултати во изминатите две децении и изразивме подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Ја потврдив нашата посветеност за одржување на релевантноста на САД – Јадранската повелба и нагласив дека идната соработка треба да се фокусира на справување со новите безбедносни предизвици. Особено внимание треба да се посвети на хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите од А5.