Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока.
Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на денешната средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).
Јапонија е значаен економски партнер, и убеден сум дека нашата држава има одлична понуда како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.