Денеска остварив средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп – прва по неговото преземање на оваа функција.
На средбата ја нагласивме важноста на континуираната соработка и го истакнавме ангажманот на Канцеларијата на Високиот комесар. Заеднички констатиравме дека нашата држава доследно ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ.
Воедно, се осврнавме и на досегашната успешна соработка со Канцеларијата, која обезбедува совети и експертиза за неколку важни проекти, при што изразивме подготвеност за нејзино натамошно унапредување, со цел остварување на заедничката заложба – градење соживот, унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција, како и поттикнување на инклузивно и кохезивно општество.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.