Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ДАУТИ И СЛОВЕНЕЧКАТА ВИЦЕПРЕМИЕРКА ФАЈОН

Министерот Тимчо Муцунски денеска оствари одвоени средби со британскиот државен министер Стивен Даути, и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со британскиот државен министер за Европа, Северна Америка и прекуокеанските територии, Стивен Даути, и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тања Фајон.

На средбата со министерот Даути, Муцунски изрази благодарност за британската поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја, нагласувајќи ја заложбата за натамошно јакнење на билатералните односи. Беше истакната важноста на силното сојузништво во НАТО и заедничките напори за зачувување на мирот и безбедноста во Европа и поширокиот регион. Посебен акцент беше ставен на економската соработка, интензивирање на трговската размена и зголемување на британските инвестиции.

Со министерката Фајон беше потврдена одличната соработка меѓу двете пријателски земји и НАТО сојузници. Муцунски ја истакна благодарноста за поддршката на Словенија во евроинтегративниот процес, со надеж дека словенечките искуства ќе придонесат кон зајакнување на административните и законодавните капацитети на земјата. Соговорниците ја подвлекоа заедничката посветеност на зачувување на регионалната стабилност, како и на борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната миграција и сајбер-заканите како приоритети во надворешно-политичкото дејствување, соопштуваат од МНР.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ