Денеска присуствував и се обратив на потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу домашната компанија АТС Груп и турската државна компанија МКЕ – водечки субјект во одбранбената индустрија на Република Турција. На настанот присуствуваше и Заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Хеибет Муса.
Меморандумот предвидува трансфер на технологија, модернизација на производните капацитети, обука и заеднички развој на производи, со цел зголемување на извозниот потенцијал на меѓународните пазари. Како дел од оваа соработка, планирано е заедничко вложување и отворање фабрика за производство на барут во нашата држава.
Ова партнерство има особено значење за нашата држава како членка на НАТО. Инвестицијата ќе резултира со отворање нови работни места и ќе даде директен придонес кон националната економија. Тоа е потврда за посветеноста и резултат на повеќемесечната напорна работа на Владата во насока на привлекување странски инвестиции, забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Фејсбук статус на министерот за надворешна политика и трговија, Тимчо Муцунски.