Историски ден за Македонија!
Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер.
На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.
Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Фејсбук статус на министерот за надворешна политика и трговија, Тимчо Муцунски.