Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

МУЦУНСКИ: ОСТВАРИВ ПОВЕЌЕ ОДВОЕНИ БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ ВО АНТАЛИЈА НА ДИПЛОМАТСКИОТ ФОРУМ

На маргините на Анталија Дипломатскиот форум, остварив одвоени билатерални средби со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михаил Попшоју, со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, и со Европратеникот, Илхан Кјучук.
Со високиот претставник Шмит, фокусот беше ставен на политичката состојба во регионот, европската перспектива на Западен Балкан и значењето на постојана ангажираност за стабилност, мир и помирување. Средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Синирлиоглу, беше исклучително конструктивна – насочена кон размена на ставови за безбедносните предизвици и идентификување на потенцијалот за унапредување на регионалната стабилност и соработка.
Со моите колеги од Молдавија и Грузија ја потврдивме одличната билатерална и мултилатерална соработка, со заедничка заложба за натамошно интензивирање на економските и трговските релации, како и за продлабочување на соработката во рамките на европските интегративни процеси.
На средбата со европратеникот Илхан Кјучук разговаравме за евроинтеграцискиот процес на државата. Нагласив дека отворањето и водењето на пристапни преговори е најдобриот механизам за обезбедување на неповратноста на реформските процеси и демократскиот развој.
Во тој контекст, ја истакнав неопходноста од деескалација на билатералните блокади и враќање на процесот во неговата суштинска рамка – оценка според заслуги и исполнети критериуми.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ