Бугарскиот амбасадор е повикан во МНР за ова да даде објаснување, но Муцунски очигледно не сака на Софија да ѝ даде можност за натамошна развој на провокацијата во сериозен политички конфликт.
По најавата дека амбасадарот на Република Бугарија, Желјазко Радуков, денеска е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), неофицијално дознаваме дека тој ќе биде примен од директорот на директоратот за регионални иницијативи, а не од министерот Тимчо Муцунски.