Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

МУЦУНСКИ НА СРЕДБИ СО ГАБРИЕЛ И МЕЛСОМ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, оствари одвоени средби со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом и претставникот на Европска Инвестициона Банка во Северна Македонија, Бјорн Габриел.

На средбата со Амбасадорката на Норвешка, Министерот се заблагодари за досегашната норвешка експертска и развојна поддршка во повеќе клучни области, како и воспоставеното партнерство во развивањето на нашите капацитети за остварување на клучните надворешно-политички приоритети.

Притоа, нагласи дека новата Влада е посветена на унапредување на односите на билатерално и мултилатерално ниво, како и интензивирање на трговската размена и развој на економските и бизнис врските. Воедно, беше поздравена  и готовноста за зајакнување на соработката како НАТО сојузници и заедничкиот придонес за зачувување на глобалниот мир и трансатлатнската стабилност.

Во фокусот на разговорите со Претставникот на Европската Инвестициона Банка во земјава, беше посветеноста на понатамошниот развој на енергетскиот сектор и другите области на соработка во земјава, како и остварувањето на значителни резултати кои придонесуваат кон понатамошното продлабочување на долгогодишното меѓусебно  партнерство.

Воедно, Муцунски се заблагодари за изградбата на капитални проекти насочени кон подобрување на инфраструктура во земјата и кои придонесуваат за подигнување на квалитетот на животот граѓаните. Информираше дека македонската Влада е силно фокусирана кон успешна имплементација на реформските процеси, надминување на предизвиците  и кон реализација на значајни проекти кои се од важност за домашната економија и регионалното поврзување.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НИКОЛОСКИ ЈА ОПИША ДЕНЕШНАТА СРЕДБА СО КИР СТАРМЕР КАКО СТРАТЕШКИ ПЛОДНА СО ИСТОРИСКИ РАЗМЕРИ

Плодна средба со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер Зајакнување...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ