Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

МУЦУНСКИ НА НАСТАН НА АТЛАНТСКИОТ СОВЕТ: ПОТРЕБНА Е ЗАБРЗАНА ИНТЕГРАЦИЈА

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот.

Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.

Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните.

Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.

Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел.

Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

КОМАНДАНТ ,,БАРУТИ” ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ОДИ ВО ШУТКА

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ